За кого ќе гласа селото во Франција кое секогаш ги погодува изборите?

За кого ќе гласа селото во Франција кое секогаш ги погодува изборите?

Подготвил: Б.Б.


Марин ле Пен

Селото Донзи, кое се наоѓа на два часа возење јужно од Париз, е познато по тоа што веќе четири децении наназад гласа идентично со националниот изборен резултат, годинава  предвидува победа во првиот круг на кандидатката на крајната десница, Марин ле Пен.

Фредерик Кудре (49), кој живее во ова живописно француско село, ги сумира најновите прогнози на мештаните, според кои во првиот круг од претседателските избори во Франција, што ќе се одржи на 23 април, Ле Пен би освоила 34 проценти од гласовите, а кандидатот на десниот центар, Франсоа Фијон – 19,5 %, додека независниот центристички кандидат, Емануел Макрон – 19 проценти, пренесува „Блумберг“.

Истовремено, анкетите кои ги спроведуваат институтите за истражување на јавното мислење навестуваат  дека Макрон ќе го надмине Фијон во првиот круг и ќе влезе во вториот, одлучувачки круг што е закажан за седми мај, кога според резултатите од истражувањето, ќе триумфира над Ле Пен.

Кудре, инаку симпатизер на Макрон,смета дека Фијон ќе ја претрча Ле Пен во вториот круг, но најмногу за два-три проценти. „Трката е тесна. Имам соседи кои ќе гласаат за Ле Пен, како и повеќе од половината негови работници. Плус нивните сопруги“, објаснува тој.

Мнозинството жители на Донзи не се сомневаат дека во првиот круг во нивното село ќе победи Ле Пен, иако повеќето од нив не признаваат дека ја поддржуваат нејзината политика за излегување од еврозоната.
Има и такви кои велат дека ќе гласаат за неа „од патриотски причини“, затоа што биле изморени од „шефувањето“ на Европската унија и сметаат дека Франција треба да си го врати својот суверенитет и контролата над своите граници, но и да си ги заштити своите добра.