Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
date-icon Активен до: 03.05.2017
 

МИКРОСАМ вработува машински инженери (Отворени се 5 работни места)

 


Микросам Прилеп АД е светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали со современи и иновативни решенија и има потреба од нов стручен кадар: 

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕРИ – 5 работни места 

Основни одговорности и задачи:
• Развој и конструирање на специални CNC машини за купувачи од целиот свет
• Пресметки на погонски и преносни елементи, FEA анализа, статички и динамички анализи и пресметки
• Планирање и следење на производствените процеси
• Изработка на техничка документација, технички цртежи и 3Д модели
• Контактирање и посета на добавувачи и купувачи надвор од Македонија

Квалификации и компетенции:
• Завршен Машински факултет или при крај со студии
• Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)

Што нудиме?
• Одлични услови за работа во креативна средина
• Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
• Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
• Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
• Организиран превоз и храна

Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса: prijava@mikrosam.com

ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.

Рокот за пријавување е до 03.05.2017г..


Почетна нето плата во износ од 15.000,00 до 60.000,00 денари во зависност од искуство и знаење
Дневното работно време е 8 часа, од 08:00 до 17:00 ч. (пауза од 10:00 до 10:30 ч. и од 13:00 до 14:00 ч.)
Неделното работно време е 40 часа, од понеделник до петок

Назив на работодавач: Друштво за електроника, дизајнирање и производство МИКРОСАМ увоз-извоз Прилеп А.Д.,
седиште: ул. Крушевски Пат бб, 7500 Прилеп, Р.Македонија,
телефон: 048 400 100, 075 226 411.
лице за контакт: Билјана Проданоска

По истекот на рокот, пријавените кандидати кои доставиле комплетна документација ќе бидат повикани на тестирање и/или интервју врз основа на кои ќе се изврши селекција .
Доколку на јавниот оглас се пријават до 200 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

МИКРОСАМ е во потрага и по:
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕРИ - 5 работни места (линк до огласот)
date-icon Активен до: 03.05.2017
 
Објавено на 12.04.2017 во категорија Препорачани огласи
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Препорачани огласи