„Систина Офталмологија“ наместо Дубаи беше вистински избор

„Систина Офталмологија“ наместо Дубаи беше вистински избор

Подготвил: Н.Ф.

Да го видиш јасно светот и без очила, во сите бои и контури, со сите свои контрасти, разноликости и убавини. Тоа е ново искуство за Васко Славковски, 35-годишен скопјанец, по операцијата за ласерска корекција на диоптријата во „Систина Офталмологија“. Васко, своите очи и видот ги доверил на тимот во оваа установа, и, како што вели, воопшто не згрешил. Веќе не е зависен од очилата, а животот без нив е полесен.



- Сега јасно го гледам светот без очила - се смее Васко.
Тој се соочувал со кратковидост. Диоптерот на едното око му бил -2,5 додека на другото -1,5.
- Бев постојано врзан со очилата - објаснува.

Ми направија многу подетален преглед

Васко работи во Дубаи во Обединети Арапски Емирати.

- На местото на кое работам имаше акција, не посети медицински тим од офталмолошки центар оттаму. Во состав на акцијата имаше понуда, 50 проценти попуст за ласерсно отстранување на диоптријата. Отидов таму и се информирав дали сум кандидат за ваква интевенција и се покажа дека нема пречки за да може да се направи - раскажува нашиот соговорник. По овој преглед, почнал да истражува каде може да биде изведена корекцијата на диоптријата.



- Прво сакав тоа да го направам во Дубаи, па истражував за да изберам установа. Во тој период се погоди да имам годишен одмор и дојдов во Скопје. Тука се јавив во „Систина Офталмологија“ и на неколку други места за да видам какви услуги може да добијам. Мои блиски пријатели поради стандардите на работа, ми ја препорачаа „Систина Офталмологија“ и затоа направив преглед тука - вели Васко.

За целиот медицински персонал добил убав впечаток уште кога дошол во клиниката.

- Она што прво го забележав е што тука ми направија многу поразличен преглед од оние на сите други места. Прегледот беше многу подетален и многу поаналитичен. Тоа многу ми се допадна и веднаш ми укажа на тоа дека медицинскиот тим покажува поголемо интересирање за пациентот, нивниот пристапот беше најпрофесионален, но во исто време топол и непосреден- вели Васко.

Ги видов стрелките на часовникот

Тој веднаш одлучил дека својата доверба ќе ја даде на „Систина Офралмологија“.

- Ласерската интервенција траеше кратко и што е најважно не ме болеше ништо. Откако заврши, докторите ме замолија да погледнам на ѕидот и да и кажам колку е часот. Јасно ги видов стрелките на часовникот и без очила. Тоа беше првиот знак дека сега се ќе е полесно - раскажува.

Васко вели дека сега со задоволство ги менува навиките.

- Недела-две по интервенцијата сфатив дека се можам да видам. Моето одушевувањето беше големо. Сега не мора редовно да одам на контроли за мерење на диоптерот, немам стрес околу тоа дали пораснал, не мора да истражувам околу тоа кои стакла се подобри, да се мислам кои да ги изберам...На крајот од краиштата не мора постојано да ги местам очилата кога ќе ми се спуштат по лицето, што баш ме нервираше - се смее нашиот соговорник.

„Систина Офталмологија“, која е дел од групацијата „Свјетлост“ од Загреб, е една од најиновативните очни клиники и најреспектираните здравствени установи. Освен ласерската корекција на диоптрија, во оваа клиника се изведува и крос линкинг методата за забавување на прогресијата на кератоконус, се вградуваат фактични леќи за луѓето кои имаат висока диоптрија и интраокуларните леќи за сите оние кои сакаат истовремено да го решат проблемот со катарактата (перде) и со диоптријата. Исто така, врвниот тим на доктори помага во лекувањето на глаукомот, а во клиниката брзо, безбедно и безболно се отстранува и катаракта и успешно се третираат болестите на задниот сегмент на окото.

- На Одделот за страбизам и детска хирургија се грижиме и за видот на најмилите, дечињата, уште од најмала возраст. Нашиот тим е достапен за итен прием на пациенти во кое било време, 24/7 - велат оттаму.