Ќе има ли војна помеѓу САД и Северна Кореја?

Ќе има ли војна помеѓу САД и Северна Кореја?

Подготвил: Маја Пероска

Северна Кореја продолжува со своите закани упатени кон САД.


фото извор: masralarabia.com

Американскиот претседател Доналд Трамп на „Twitter“ постојано истакнува дека Северна Кореја бара неволја, а Пјонгјанг се заканува со нуклеарен напад на САД доколку бидат испровоцирани.

Двете нации предизвикуваат страв ширум светот, со ваквото однесување. Сепак, некои сметаат дека стравот од војна е неоснован. Експертите велат дека не веруваат во такво нешто и покрај тоа што Северна Кореја покажала способност за креирање нуклеарно оружје, а и веќе тестираше нуклеарни уреди во неколку наврати.

Паниката во САД е застапена, но експертите сметаат дека поголемиот проблем е што САД ја променила политиката од стратегиски трпелива (под водство на Обама), кон предизвикувачка и недефинирана тактика (под водство на Трамп).

Аналитичарите во САД истакнуваат дека и двајцата лидери се чувствуваат охрабрено, па секогаш може да дојде до ескалација. Сепак, според нив, многу тешко е да се предвиди колку далеку ќе одат двајцата лидери, дали би дошло до војна или дали би се проширила и во регионот.