Што може да направи вештачката интелигенција за адвокатите?

Што може да направи вештачката интелигенција за адвокатите?

Подготвил: Маја Пероска

Адвокатските роботи во последно време привлекуваат големо внимание, па и во медиумите често се зборува за можноста адвокатските роботи да им ја преземат работата на адвокатите.

фото извор: readwrite.com

Сепак, дури ако роботот-адвокат (вештачка интелигенција) може да скенира документи и да одреди кои се релевантни за одреден правен случај, сепак другите задачи како што се советување на клиентот или пак, појавување во судницата, не би можеле да ги завршуваат.

Компанијата „Casetext“ неодамна креирала алатка наречена „CARA“, која ќе им помага на адвокатите да вршат истражувања. Како сето тоа функционира? Корисникот поставува правен брифинг на веб страницата на компанијата, а алатката го скенира и веднаш враќа листа на релевантни случаи кои во брифингот биле изоставени. Брзината и прецизноста на алатката се навистина воодушевувачки.

Важно е во овој случај, да се има разбирање за тоа како функционира правниот систем, и тоа во зависност за која држава се работи.

Пред компјутерите, правните случаи биле организирани хронолошки во документи. Нивното барање и прелистување одземало повеќе време. Денеска, работите се одвиваат побрзо и поефикасно, а ваквите алатки кои користат вештачка интелигенција многу помагаат.

Сепак, истражувањето е само дел од целокупниот процес. Адвокатите, всушност имаат многу повеќе обврски и комплицирани задачи, кои за сега ги извршуваат самите, но иновативните алатки се од голема помош.