Авантурата на Страхиња и Ања - до Камбоџа со 500 евра!

Авантурата на Страхиња и Ања - до Камбоџа со 500 евра!

Подготвил: Тамара Гроздановски

3
Фото: Whatifness

Замислете дека се наоѓате на другиот крај од светот, во целосно друга култура и без работа. Токму ова го „доживуваат“ Ања Вуковиќ и Страхиња Танасковиќ кои одлучиле само со 500 евра во џеб да се упатат кон Камбоџа во потрага по авантура.

Во Ком Пот допатувале кон средината на март со вкупно 500 евра и без повратна карта, а веќе започнале да заработуваат пари продавајќи чоколадни бананчиња.

„Бидејќи овде мини бананите растат на секој агол, нè потсетија на нашите култни благи. Ни падна на памет да направиме чоколадни бананчиња и да се обидеме да ги продаваме на локалните жители. Да не должам, погледнете го видео клипот и откријте што се случи.

Нивните благи за кратко време станале вистинска атракција. Тие направиле и свој блог, „Whatifness“ на кој несебично делат „трикови“ за пат околу светот без голема заштеда и претерано планирање.

Освен чоколадните бананчиња тие пронашле уште една можност за заработка и штедење на пари. Наскоро треба да отпатуваат во Индонезија.

„Парите скоро и не ни беа потребни. Штом стигнавме во нашиот бунгалов на брегот на реката, ни падна на памет добитна комбинација: да го подобриме маркетингот на ова одморалиште, а тие за возврат да ни дадат бесплатно сместување и храна - што функционираше. Дури и снимивме и мала видео реклама за која ни платија, па од тие пари купивме карти за нашата следна дестинација, Бали“, велат Ања и Страхиња.

2
Фото: Whatifness

„Парите ги трошиме на разни ситници и глупости кои се премногу интересни кога ќе дојдете во непозната егзотична земја. На пример, Ања купи колекција тигрести чорапи за апостолки, а јас купив качкет за ноќен чувар“, вели Страхиња.

Нивната главна цел е авантура и добра забава. Но, наскоро ќе видат што би можеле да понудат за локалниот пазар, а со заработката ќе отпатуваат во Азија.

„Со оглед на тоа што Азијците се оперирани од естетика и маркетинг, а и англискиот не им е силна страна, сфативме дека ќе можеме со размена на услуга да патуваме низ континентот. Освен тоа, секогаш сме расположени да го пробудиме претприемачкиот дух па може да им гатаме на луѓето на плажа, да направиме лесковачки специјалитети“, ги набројуваат тие можностите.

Велат дека не се плашат затоа што се наоѓаат во непозната средина. Опремени се со трпение, па што ќе биде, нека биде.

„Кога на другата страна од светот, далеку од дома, ќе се најдете без пари, постојат неколку сценарија: 1) Phonebook>Tato>Call; 2) Интернет работа; 3) Старата добра варијанта „поволно мијам чаши по барови“ или 4) Ништо од понуденото, односно слободна тема.

Првата помисла кога пристигнале во Камбоџа им била: „Каде, побогу, сме дошле?“

3
Фото: Whatifness

„На излегување од аеродромот мислевме дека доаѓаме на прослава на Светскиот ден за глорификација на ѓубрето. Стуткани во автобуската станица, помеѓу вулканизер и депонија“, раскажува Страхиња за нивното прво искуство со локалното население.

Локалците, односно Кмерите, се интересен народ. Нивните свадбени веселби се за раскажување и изгледа како да излегуваат од индиските серии, додека сообраќајот е приказна за себе.

„Кмерите се многу среќни во сиромаштијата. Не се ни малку инвазивни, сите ни се смешкаат и ни помагаат иако не знаат ни збор англиски. Имаме впечаток дека целата нација работи сè, а не работи ништо. Секое семејство има МУКП - мала универзална камбоџанска продавница каде продаваат сè. Се забавуваат сo играње бедминтон преку автомобилите кои им служат како мрежа. Рекреативно се венчаваат и тука тоа недвосмислено е смислата на животот. Свадбите се прават под гламурозни шатори кои се поставуваат на сред улица или на кружен тек, па така сообраќајот е во втор план.

Слично како кај нас, мажите се собираат на клупа пред нешто што изгледа како кооперација или продавниче, ги оставаат своите мотори кои ги возат без дозвола, но наместо пиво пијат сок од шеќерна трска“, вели Страхиња.

Уште неколку дена ќе спијат во тропскиот бунгалов, а потоа ги очекува селење на егзотичниот Бали. Најголемиот страв го доживеале кога во истиот момент во нивниот бунгалов пронашле стаорец и гуштер од половина метар.

Нивниот ден во Ком Пот изгледа отприлика вака:

„Будење. Капење во реката. Во потрага по појадок, по можност да не се пржени кнедли во сос од острига со кари. Поправање на интернетот. Возење со моторот. Навечер на колаче“, вели Страхиња.