Почина Роберт Тејлор, еден од создавачите на интернетот и персоналниот компјутер

Почина Роберт Тејлор, еден од создавачите на интернетот и персоналниот компјутер

Роберт Тејлор, еден од создавачите на Интернетот и модерениот компјутер, почина на 86 годишна возраст. Тој боледуваше од Паркинсонова болест, а почина во четвртокот во својот дом во Сан Франциско, изјави неговиот син Курт.



"Од интернет револуцијата па се до персоналните компјутери, Боб Тејлор беше клучен архитект на современиот свет", изјави Лесли Берлин, историчар на Универзитетот Стенфорд.

 Во текот на 1966 година, кога тој работел за агенцијата на Министерството за одбрана, која е одговорна за развој на нови технологии за Армијата на САД, Тејлор го предводел создавањето на првата компјутерска мрежа во светот, која подоцна прерасна во интернет.

Тејлор претходно, во 1961 година, бил проектен менаџер за НАСА, а му помагал и на американскиот пронаоѓач и компјутерски пионер Даглас Енгелбарт, кој во тоа време работел на развојот на современиот компјутерски глушец.

Тејлор работел и во Alto, истражувачкиот центар во Паоло Пало заедно со тимот кој го создал Алто, првиот персонален компјутер.



Оваа технологија е инспирирација за појавата на Windows и Apple компјутерите. Инженерскиот тим на Тејлор исто така ја развиваше и Ethernet програмата од која подоцна се појави и Microsoft Word.