Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Запознајте ја девојката со најгрдо име на светот

 

Фотографија од девојка во официјален документ
(Фото: Twitter)

Кога пред дваесетина години оваа девојка од Калифорнија го добила своето име – Исис Харамбе, тоа и не било нималку необично. Но дваест години подоцна, ситуацијата и тоа како е променета, па во последните години корисниците на интернет го прогласија нејзиното име за најлошо на светот!

Девојката Исис Харамбе стана вистинска интернет сензација кога корисникот на „Твитер“, Андре Голо, објави фотографија од нејзината возачка дозвола.

Имено, Исис е кратенка за таканаречената Исламска држава, а Харамбе е име на горилата што минатата година е убиена во зоолошката градина во Синсинати кога едно дете ја прескокнало оградата и влегло во нејзиниот кафез.

Сосема е јасно дека ваква комбинација на имиња не можела да остане незабележана на интернет кој буквално „полуде“ после оваа објава.


 
Објавено на 16.04.2017 во категорија Култура
Подготвил: Б.Б.
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook