Оглас за вработување во ЕХП Тобако... Се бара продажен агент!

Оглас за вработување во ЕХП Тобако... Се бара продажен агент!


Ул.1550 бр.26, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3296 778 Е-маил: info@expanda.com.mk

Оглас за вработување:
Доколку сакате да работите во компанија со традиција и присуство на македонскиот пазар повеќе од 25 години, да работите во динамична работна средина, имате желба за работа во продажниот сектор и сте комункативна личност тогаш ова е работата за вас!

Место: Скопје; Позиција: Продажен агент - 1 извршител.

Опис на работно место:
Продажба на разновидни прехранбени производи , безалкохолни пијалоци и цигари во продавница ЕХП Тобако (локација Скопје Сити Мол)
Набавка, прием и складирање на стока
Изложување и редење на производите на полици и во ладилници
Работа со фискална каса и издавање на фискални сметки
Одржување на хигиената во продавницата и помошниот магацин

Потребни квалификации:
Образование: минимум ССС
Познавање на англиски јазик
Познавање на работа со компјутери
Познавање на работа со фискални каси

Лични карактеристики:
Уредност, Точност, Лојалност, Чесност, Проактивност, Организираност, Ефикасност, Комуникативност, Тимски работник!

Ние нудиме:
Работно време во смени од 10.00 до 22.00 часот, согласно работното време на трговскиот центар.
Вработување на определено време од 1 месец со можност за продолжување.
Основна плата плус месечен бонус од остварени цели и продажба.
Можност за напредок и кариерна патека во рамки на компанијата.
Можност за надградување на професионалноста врз основа на програмата за тренинг, обука и доквалификација на вработените во компанијата.

Сите заинтересирани можат да испратат:
Кратка биографија и мотивационо писмо на е- маил: tanja.ristin@expanda.com.mk или на адреса: ул. 1550 бр.26 Визбегово, Скопје
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Ве молиме без телефонски јавувања.