Преку 60.000 капачињa беа употребени за спот за големата наградна игра на Скопско

Преку 60.000 капачињa беа употребени за спот за големата наградна игра на Скопско



Маса долга над 35 метри, повеќе од 60.000 капачиња од пиво, над 50 члена екипа и стотина статисти е сликата што ја затекнавме на снимањето на новата реклама за Скопско во огромниот хангар на Пивара Скопје.

Импресивна глетка и возбудлива атмосфера следеше по повикот за акција од режисерот.

Стотина раце како на забрзана снимка ги редеа капачињата кои покажаа испис: Голема наградна игра на Скопско и број на телефон 14 33 7.

Со превртување на капачињата беа најавени возбудливите награди; камп возило Volkswagen California Beach RV и автомобил Volkswagen Polo, како и останатите награди што ќе бидат доделени.

Забавна глетка и супер искуство, барем за сите нас кои од страна го следевме снимањето. Навистина уживавме!

Во наградната игра може да се учествува со капачиња на Скопско, Скопско Смут и Скопско Радлер од 0.33 л и 0.5 л во стаклена амбалажа, кои на внатрешната страна имаат единствен код кој треба да се испрати на телефонскиот број 14 33 7, а цената на една СМС порака е 5,9 денари со ДДВ.

Наградната игра трае 8 недели, од 9 април до 4 јуни, со главно извлекување на 5 јуни. Секој час се извлекуваат добитници на СКОПСКО мултипак. Секој ден се извлекуваат добитници за пикник маса и сет за скара, а еднаш неделно се извлекува добитник на рачно фудбалче.

Сите потребни и дополнителни информации можете да ги најдете на веб страницата www.SKOPSKOZANAS.mk

Пивара Скопје го најави почетокот на големата наградна игра - СКОПСКО – За Нас! со 60.000 пивски капачиња