Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Дали е ова најскапата пица во светот?

 
Иако оригиналната пица води потекло од Италија и е направена со препознатливи продукти, денес може да се најде во најразлични облици со најразлични вкусови.

пица
Фото извор: favit.co


Ако патувате низ светот и сакате да имате оброк по прифатлива цена никогаш нема да згрешите ако јадете пица. Но оваа пица е малку поинаква.

Таа чини импресивни 2000 долари, а кога би се пресметално математички, едно парче чини 250 долари, а еден залак околу 50.

Златната пица се состои од бело стилтон сирење донесено од Англија, паштета од патка и тартури кои се од Франција, остера кавијар од Каспиското Море и сјај од златни ливчиња од Еквадор.

Оваа пица која се продава во Њујорк треба да ја нарачате 48 часа порано. Погледнете на дното на менито.


мени
Фото извор: favit.co


„Тоа е олицетворение на декандентност“, вели главниот готвач Браулио Бинаи. „Пицата е екстремно богата – ако сте расположени за раскошен оброк, оваа пица е за вас.“
Дали е оваа Златна пица навистина најскапата пица во светот вредна 2000 долари?!


пица
Фото извор: favit.co
 
Објавено на 20.04.2017 во категорија Култура
Подготвил: М.Д.
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook