Македонски Телеком вработува! Почетна нето плата до 30.885,00 денари

Македонски Телеком вработува! Почетна нето плата до 30.885,00 денари

Служба за управување со ИТ сервиси и канцелариска информатичка инфраструктура / Сектор за кориснички и пазарни решенија и управување со услуги и инфраструктура

Работно место: Специјалист за Microsoft платформи и корпоративни решенија

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:
- Високо образование – Технички факултет - Електротехника, Технички факултет - Информатички науки и компјутерски инженерство, Природно математички факултет и други технички факултети
- 3 - 5 години соодветно работно искуство
- Активно познавање на англиски јазик

Работни задачи:
- Да ги анализира корисничките барања и да предлага решенија за новите проекти и потреби за развој на дел или специфичен домен на Microsoft инфраструктура и останатите корпоративни решенија за поддршка на канцелариското работење
- Да води или учествува во ИТ проекти /корпоративни проекти поврзани со имплементација на нови ИТ сервиси или надградба на тековните, а кои се поврзани/ вклучуваат дел или специфичен домен на Microsoft инфраструктурата или ИТ системите за поддршка на канцелариското работење
- Да ги иницира, контролира и да дава придонес за набавните активности во однос на опрема, лиценци и услуги за Microsoft инфраструктурата и останатите ИТ системи за поддршка на канцелариското работење
- Да учествува во создавање планови и управување со потреби за лиценци за серверската и клиентската инфраструктура, планови за надградби на сервери, услуги и серверски апликации
- Управување и координација со давателите на услуги со кој имаме склучено договори за поддршка, во рамките на процесите за управување со инциденти и проблеми
- Да координира, развива, имплементира и извршува OS, DB и Апликативна администрација (каде што е апликабилно) на дел или специфичен домен на Microsoft инфраструктурата и останатите корпоративни решенија за поддршка на канцелариското работење како:
- Системот за архивирање
- PKI системот за надворешни и интерни корисници
- VDI платформата на кои оперира голем дел од клиентската инфраструктура (PC-a)
- MS Exchange и Active Directory
- MS SharePoint Portal
- HP Service Manager итн.
со цел обезбедување на безбедна, високо достапна, ефикасна, економична и стандардизирана инфраструктура која го подржува работењето на крајните корисници и сите бизнис критични апликации.
- Да ги извршува сите активности за одржување и управување со перформансите на MS Windows инфраструктурата

Способности и вештини:
Напредни способности за комуникација, Напредни лидерски и координациски вештини, способности за организација на тим и работа во тим, Напредни аналитички способности и способност за дијагностика и решавање на инциденти/проблеми, самодоверба, посветеност, креативност, проактивност, аналитичност, способност за работа под притисок и кратки рокови.

Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Специјалист за Microsoft платформи и корпоративни решенија

Огласот ќе биде објавен на ден 20.04.2017 година и ќе трае до 26.04.2017

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00.

Минимумот на предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 30.885,00 денари

Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.