Научниците открија нови причинители за дислексија

Научниците открија нови причинители за дислексија

Подготвил: М.Д.

Во најнови истражувања на американски научници откриени се можни причинители на дислексија. Со користење на магнетна резонанца испитувано е како функционира мозокот кај луѓе кои боледуваат од дислексија, како и кај оние кои немаат таков проблем.

час
Фото извор: Express.hr


Се покажало дека мозокот на оние кои боледуваат поинаку прима слики и звуци. Луѓето кои немаат проблеми можат веднаш да ги препознаат зборовите и сликите кои се повторуваат во текот на процесот кој се вика невролошка адаптација, а дислектичарите покажале ниско ниво на препознавање.

Еден од научниците кој работел на истражувањето, професор Џон Габриел, рекол дека на луѓето им е полесно кога некоја работа ја повторуваат, кога ќе ја направат по втор пат, а таа леснотија е поврзана со намалена функција на мозокот.

Сликите од мозокот на луѓето со дислексија покажале дека процесот на прилагодување кај нив не е толку ефективен. Нивните мозоци истата информација секој пат ја процесуирале како да е прв пат.

Тајлер Перачионе, професор на бостонскиот универзитет и еден од главните автори на студијата, предупредува дека адаптацијата е нешто што мозокот го прави да си ги олесни тешките задачи, но дислексичарите ја немаат таа предност.

Се проценува дека секој десетти жител на Велика Британија има дислексија или 6,3 милиони жителил. Овие луѓе потешко читаат и пишуваат, но таа може да влијае и на краткотрајното памтење, математиката и координацијата.

Сепак треба да се каже дека таа не влијае на општата интелигенција. За овие луѓе често се верува дека се глупави и мрзеливи, но тоа се предрасуди кои се пробиени со некои претходни истражувања.