Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Нешта кои никогаш не смеете да ги пребарувате на интернет од службениот компјутер

 

Девојка чука на тастатура
(Фото: Thinkstock)

Чудните навики за пребарување се нешто што треба да си го чувате за приватниот компјутер.

Сигурно никој не сака да добие отказ од работа поради несоодветно пребарување на интернет. А на службениот компјутер, работодавачите сигурно имаат увид на сè што правите.

Експертот за управување, Ендрју Витман, вели дека работодавците забележуваат сè што правиме на службениот компјутер, електронската пошта, социјалните мрежи, страниците што ги посетуваме...

Во поголемиот број случаи нема да ви помогне ни бришењето на историјата со пребарувања, бидејќи, како што објаснува меѓународниот експерт за бизнис, Мајкл Кер, мнозинството ај-ти оддели сè уште имаат можности да ја следат работата на компјутерите и се многу свесни за пребарувањата што може да се сметаат за дискутабилни.

Имајќи го сето тоа предвид, „Индипендент“ издвои седум поими и теми кои во никој случај не би требале да ги пребарувате на работното место:

1. Порнографски и други несоодветни веб-страници

Некои луѓе и покрај сè не се откажуваат од овие навики, тргнувајќи од училишните наставници до политичарите.

Еден работник од Балтимор добил отказ заради тоа што 39 часа гледал порнографска содржина на работа, односно по шест часа дневно во текот на осумчасовниот работен ден.

Во секој случај, и да не добиете отказ, потенцијално можете да завршите во многу непријатна ситуација.

2. Строго доверливи информации за компанијата во која работите

Ако знаете дека има нешта до кои немате пристап, не се обидувајте да им пристапите на своја рака. Вашиот ај-ти оддел ќе биде свесен за секој обид да му пристапите на осигуреното подрачје.

3. Интернет страници поврзани со вашите дополнителни работни ангажмани

Ако имате дополнителна работа освен редовната, воздржете се од искушението да се зафатите со неа во вашиот регуларен работен ден. Многу луѓе добиле отказ бидејќи ги решавале приватните работи во текот на работното време.

4. Страници за барање работа, особено тие поврзани со вашиот главен конкурент

Никогаш не го користете службениот компјутер за пребарување нова работа. Според објаснувањата на експертот за кариера, Рајан Кан, сè што правите на службениот компјутер може да се надгледува од страна на вашиот работодавец, па пред да ја најдете новата, можете да останете без моменталната работа.

5. Што било што се однесува на приватни односи

Експертката за кариера, Тина Николај, вели дека најдобро е да избегнувате службениот компјутер да го затрупувате со својот љубовен живот.

6. Интернет страниците што се поврзани со планирање забава, одмор или свадба

Николај објаснува дека вашиот работодавач не сака да види дека вашето работно време го користите за планирање на лични активности.

7. Претераното пребарување воопшто е лоша идеја

Запаметете дека не сте платени да суфрате на интернет. Работодавачот нема да се загрижи ако го проверите резултатот од вчерашниот натпревар, на пример, но нема да му се допаѓа ако на работа го планирате вашиот годишен одмор. 

 
Објавено на 20.04.2017 во категорија Култура
Подготвил: Б.Б.
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook