Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Пет знаци за пријателство кое ќе трае засекогаш

 

Две девојчиња се смејат

1.    Секогаш сте искрени еден кон друг

Без оглед на сѐ, секогаш ќе го кажете она што го мислите, отворено ќе ги изразите своите чувства и ставови и ќе споделите искрени размислувања. Ништо друго не е опција за вас. Така градите пријателство полно со меѓусебна доверба.

2.    Ги респектирате меѓусебните разлики

Не ги доживувате како нешто што ве оддалечува, туку како можност да научите нешто од другиот. Од разликите во личноста до разликите во ставовите – вие респектирате буквално сѐ.

3.    Дури и „тишината“ меѓу вас е пријатна 

Понекогаш се случува да не ни се разговара со никого, но едноставно посакуваме пријателката или пријателот да е до нас. Не ви претставува проблем заедно да седите на кафе и едноставно да уживате во тишината и мирот додека не ви се прочистат мислите за да се вратите на долгите меѓусебни разговори. Никогаш не ви е непријатно во таков момент, затоа што се радувате на секоја прилика за бидете заедно, без оглед на моменталното расположение.

4.    Прифаќате дека долгата одвоеност не значи и крај на пријателството

Животот може да нѐ однесе во различни градови и на други континенти. Секојдневните обврски и работното време можат да нѐ одделат од пријателите. Меѓутоа, без оглед на времето кое поминало, вам секоја средба ви е иста и се разбирате како раздвоеноста воопшто да не се случила.

5.    Не се плашите од несогласувања

Дури ни со најдобрата пријателка или пријател не можете секогаш да се согласувате во сѐ, но вие тоа не го доживувате како проблем. Несогласувањата се составен дел од животот и секому се случуваат. Важно е да не се дозволи да им наштетат на вашето пријателство. Вие имате потполно разбирање еден за друг и знаете дека тоа вам нема да ви се случи.
 
Објавено на 20.04.2017 во категорија Живот
Подготвил: Б.Б.
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook