Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Ретка снимка - Како се храни најголемото животно во светот?

 
Истражувачите од Универзитетот во Орегон, со помош на беспилотно летало, успеале да снимат како јадат антарктичките сини китови.

најголеми китви
Фото: Screenshot/Youtube

Хранењето на најголемото суштество во светот е ретка глетка, па најновата снимка е прилично важна за експертите и интересна за обичните луѓе.

Истражувачите ја проучувале групата на антарктички сини китови близу брегот на Нов Зеланд, и забележале дека океанските џинови и тоа како размислуваат со кои риби да се хранат.

Така, со набљудување на однесувањето на китовите на другите снимки, истражувачите забележале дека тие донесуваат пресметани одлуки за тоа дали јатото е доволно големо, односно дали е вредно за вложување енергија и ловење.

На втората снимка китовите само поминале покрај едно јато, веројатно сметајќи го дека не е доволно вредно за нивниот труд.

„Китот одлучи дека количината на риби која може да ја улови, наспроти трудот кој би бил потребен за тоа, едноставно не е вредна за маневрирање и отворање на устата“, вели Леј Торес, експерт за морски цицачи.

Новозеландското одделение за заштита на животната средина смета дека комерцијалниот китолов во текот на минатиот век имал катастрофални последици на бројната состојба на сините китови, кои се проценува дека биле 200.000, а сега се помалку од 2.000.

 
Објавено на 20.04.2017 во категорија Живот
Подготвил: Тамара Гроздановски
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Живот