Уште една земја порачува дека не дава визи

Уште една земја порачува дека не дава визи

Подготвил: М.Д.

Нов Зеланд препорачува дека воведува строги барања за квалификувани работници во обид да ја контролира имиграцијата која е на највисоко ниво до сега.

нов зеланд


Промените вклучуваат нови граници на приходите кои имигрантите мора да ги исполнуваат.

Министерот за имиграции Мајкл Вудхаус изјави дека владата нема да се извинува затоа што многу кои индустрии се потпираат на странски работници наведуваат дека им е потешко да вработат странци и додал дека работата е наменета пред сѐ на граѓаните на Нов Зеланд.

Објавите на министерството за имиграции доаѓаат по најавата на Австралија дека ќе ги укине привремените визи за квалификувани странски работници и командата која е донесена од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, а која, по неговите изјави, треба да помогне на Американците чии работни места се изложени на ризик поради имигрантите кои поседуваат квалификации.