Зошто докторандите се посклони кон психијатриски нарушувања?

Зошто докторандите се посклони кон психијатриски нарушувања?

Подготвил: М.Д.

Неодамнешна студија испитувала 3659 студенти кои се на докторски студии од Белгија. Околу половина од нив пријавиле барем два случаи на слабо ментално здравје, а една третина искусила барем четири такви симптоми.

замислен човек
Фото извор: Johannes Simon


Најчестите симптоми биле чувства на депресија и тага, постојан притисок, губиток на сон, неможност да се ужива во денот и да се надминат тешкотиите. Сепак авторите на студијата сѐ уште не знаат што конкретно ги предизвикува проблемите. Една препоставка е дека дека се посклони да ги евалуираат условите на околината негативно. Многу студии покажале дека работната средина е барем делумно виновна за нивното ментално здравје.

Студентите со надредени што ги инспирираат и со интерес во академска кариера имале помалку симптоми на слабо ментално здравје. Освен тоа овие студенти имале и план за нивната иднина.

Студиите исто така покажале дека универзитетите може да имаат бенефит од тоа што ќе им понудат на докторантите јасни и целосни информации за очекувања и изгледи во кариерата во и надвор од академијата.