Наскоро „Instagram“ ќе може да се користи без Интернет

Наскоро „Instagram“ ќе може да се користи без Интернет

Подготвил: Маја Пероска

Корисниците на оперативниот систем Андроид наскоро ќе можат да ја користат друштвената мрежа „Instagram“ и кога се „offline“, односно одредени функции ќе биде можно да се користат без Интернет.


Како што е наведено, корисниците ќе можат да гледаат фотографии и профили кои претходно биле вчитани, а исто така ќе можат да оставаат коментари, да лајкуваат објави и да бришат луѓе од листата на пријатели.

Се разбира, коментарите и лајковите нема да бидат видливи се додека корисникот повторно не се поврзе на Интернет. Од  „Instagram“ одлучиле да ја воведат оваа опција, бидејќи повеќето корисници доаѓаат од земји во развој каде што има лоша Интернет конекција, како и ограничен проток на мобилен Интернет.

Оваа друштвена мрежа според податоците од декември 2016 година, ја користат 600 милиони луѓе.