Наскоро ќе биде разобличена најголемата тајна на 20. век

Наскоро ќе биде разобличена најголемата тајна на 20. век

Подготвил: Б.Б.


Астронаут во вселената
(Фото: Pixabay)

Оваа година истекува рокот на тајност што го постави НАСА, а што се однесува на содржината која е донесена со летот на вселенскиот брод „Аполо 11“ на Месечината во 1969 година, за која постои распространета теорија дека е лажна и дека сите снимки се направени на Земјата.

„Американците никому не дозволија увид во таа содржина и не покажаа ништо“, напоменува вишиот научен соработник на Физичкиот факултет на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“, Виталиј Новик.

Тој смета дека научната заедница треба да се обрати до НАСА, да побара истражување на содржината, но изрази и сомнеж дека ќе се случи тоа.

Во емисијата „Постскиптум со Алексеј Пушков“, во која се зборуваше за распространетата теорија дека Американците воопшто не биле на Месечината, на прашањето зошто тие се одлучиле за толку голем фалсификат, британскиот издавач на списанието „Nexus“, Маркус Ален, вели дека тоа било резултат на фактот што Русите биле една деценија понапред од нив во вселенските програми.

„Русите имаа прв сателит во вселената, прво излегување во отворена вселена, прв уред на Месечината, први уреди на Венера и Марс. Америка не можела да си дозволи да биде втора, па немаа друг избор“, вели Ален.

Во емисијата „Постскриптум“ се напоменува дека според оваа теорија, снимката за летот на Американците на Месечината е направена на Земјата, поточно на Хавајските Острови и дека постојано се појавуваат нови и нови докази за оваа најголема измама на 20. век.

Експертите истакнуваат дека Америка немала ни технички можности да ги испрати своите космонаути на Месечината.