Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Научниците велат дека астрологијата е глупост, но се појавија некои нови истражувања

 

Хороскопски знаци
(Фото: Pixabay)

Астрологијата се базира на тврдењето дека комбинираната гравитација на сите планети во моментот на нашето раѓање ја одредува нашата личност, но науката не се согласува со ова.

Како што истакнуваше и Њутн, гравитацијата на масивните објекти е обратнопропорционална од квадратот на нивната оддалеченост, па тешко дека може на денот на нашето раѓање да влијае врз формата на нашата личност.

Сепак, годишното време во кое сте родени може да „игра“ некаква улога.

Најновите истражувања извршени врз студенти и возрасна популација, покажуваат некакви шаблони во рамките на тоа во кој месец, односно годишно време е родено некое лице.

Пролет

Мартовските, априлските и мајските деца се наоѓаат високо на скалата на хипертимија, или генералниот оптимизам, односно можноста во сѐ да гледаат нешто добро и позитивно. Меѓутоа, тоа значи и дека се подложни на самата спротивност -  на клиничка депресија.

Лето

Нема многу лоши вести за родените во јуни, јули и август. Летните бебиња имаат одредени хипертимички особини, како и пролетните. Сепак, фактот што мајките ги носеле во утробата во текот на зимата доведува до сколоност кон циклотимија, односно рапидни промени во расположението како и биполарни пореметувања.

Есен

За луѓето кои веруваат во астрологијата доволен показател на тоа какви се есенските деца е хороскопскиот знак на совршено избалансираната Вага. Иако понекогаш умеат да бидат раздразливи, главно се стабилни и немаат тенденции кон негативни состојби на умот.

Зима

Тука веќе работите се опачни. Меѓу предизвиците со кои се среќаваат зимските деца се наоѓаат шизофренијата, биполарните пореметувања, депресијата и метеопатијата. Меѓутоа, тие се помалку раздразливи од есенските деца и спаѓаат во најкреативните луѓе на светот.
 
Објавено на 21.04.2017 во категорија Наука
Подготвил: Б.Б.
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Наука