Оглас за вработување во „Аџибадем Систина“

Оглас за вработување во „Аџибадем Систина“

Оглас за вработување Клиничката болница „Аџибадем Систина" има потреба од:

ПРЕВЕДУВАЧ (АНГЛИСКИ ЈАЗИК) - 1 ИЗВРШИТЕЛ

Преведувачот во Клиничка болница „Аџибаден Систина" врши преводи на документација од англиски јазик на македонски јазик и обратно, која е најчесто од медицински, правен и технички карактер.

Работата вклучува и интерпретација на медицинска документација и медицинска терминологија заради што е потребнокандидатотда ги поседува следнитеквалификации и познавања:

Завршено соодветно високо образование (Филолошки факултет - англиски јазик)
Кандидатот да е овластен судски преведувач
Одлично познавање англиски јазик (говорење, читање, пишување)
Познавање турски јазик се смета за предност
Искуство во преводи и интерпретација од англиски на македонски јазик и обратно во здравствени установи се смета за предност
Способност за координација и работење со рокови
Одлични комуникациски вештини
Познавање на работа со компјутери
Висока работна етика
Доверливост

Огласот е отворен 5 дена. Апликациите (вклучувајќи и CV со фотографија) треба да бидат доставени на епошта: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка болница „Аџибадем Систина" ул. Скупи 5А, 1000 Скопје.