Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Планот вреден 200.000 долари за спасување на Земјата од астероиди

 
Стивен Ховарт не бара многу. Единствено сака да го спаси човештвото од брза смрт. И како што вели, за околу 200.000 долари, тој може да го направи тоа.

астероид

Ховарт има за цел да ја изгради првата мобилна опсерваторија во Австралија со чија помош ќе може да вози низ земјата и да бара астероиди кои би можеле да се потенцијална закана за Земјата.

За да ја реализира неговата цел, тој започна кампања за финансирање на неговата идеја. Но, се чини дека надежта за спасување на човештвото виси затоа што досега успеал да собере само 100 долари.

Иако неговите методи за многу луѓе би биле неконвенционални, неговата идеја и не е толку луда колку што звучи. Неодамна, Земјата речиси се судри со огромен астероид наречен „Каменот“ кој се доближи опасно блиску до нашата планета.

Објектот широк 1.3 километри помина со брзина од 117.482 km/h на 1.6 милиони километри оддалеченост, што во астрономски термини е премногу блиску. Токму ова го натера Ховарт да се одлучи на ваква мисија.

„Колку повеќе навлегував во идејата, толку повеќе бев заинтересиран и загрижен“, изјави тој.

Интересно е тоа што често пати астрономите аматери се тие кои успеваат да ги забележат астероидите, а Австралија е исклучително добро поставена земја за забележување на астероиди.

„Се наоѓаме на најубавиот дел од светот каде можат одлично да се лоцираат овие објекти кои најчесто се забележани со мали телескопи. Тие нудат подобар поглед на овие објекти кои поминуваат“, вели тој.

Откако астероидот ќе биде забележан, тој потенцијално би можел да биде отстранет со помош на детонирачки проектил кој би бил испратен во вистинскиот момент. Нејасно е како сето тоа би функционирало во пракса, меѓутоа за Ховарт е јасно дека оваа технологија ќе биде и тоа како скапа.

2

Астрофизичарот од австралискиот национален универзитет, Бред Такер вели дека би бил потребен прилично голем телескоп и доста финансиски средства за да се реализира овој проект. Како што вели тој, не гледа никаква поента зошто овој телескоп би требало да се движи. Сепак, тој е воодушевен од ентузијазмот на Ховарт.

„Австралија не ја финансира програмата за пребарување на објекти кои се во близина на Земјата. Онаа програма која моментално ја има, финансирана од НАСА сега се соочува со недостиг на финансиски средства. Затоа, неверојатно е тоа што јавноста се обидува да надомести“, вели тој.

„За да најдеме астероиди потребен ни е телескоп голем околу 1 до 2 метри, широко видно поле и уште поважно, финансиски средства“, додава тој.

Освен што планира да ја спаси Земјата, Ховарт исто така се надева дека со неговата програма „Earth Shield“ ќе може да ги посети оддалечените училишта и да ги охрабри децата да ја засакаат астрономијата.
 
Објавено на 21.04.2017 во категорија Живот
Подготвил: Тамара Гроздановски
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Живот