Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Повторно нестабилност во Европа – Италија пред почеток на распад

 
Во италијанските северни области Ломбардија и Венето во кои е на власт десничарската северна лига, во октомври ќе одржат референдум. Тој е со цел да се добие поголема автономија според претседателот на Ломбардија Роберто Марони.

Италија

Резултатите од гласањето нема да бидат обврзувачки, но победата би можела да ја ојача лигата и поддршката на популарниот гувернер на областа Венето, Луке Заиа, кој е нашироко гледан како иден лидер на италијанскиот десен центар, пренесува Ројтерс.

Италијанскиот уставен суд го отфрлил оригиналниот план кој го предложил Заиа.

Планот подразбирал прашањето до граѓаните да биде дали сакаат Венето да се оддели од Италија или ја задржи контролата над 80% данокот кој се собира во регионот.

Наместо тоа ќе пишува: „Дали сакате на Венето да му бидат оддобрени натамошни обрасци и специфични услови за автономија?“

Агенцијата наведува дека прашањето во врска со Ломбардија сѐ уште не е познато.

Данокот останува главно прашање. Ломбардија покрај Милано е комерцијален центар на Италија и располага отприлика со петина од бруто домашниот производ, додека Венето произведува помалку од 10% од националниот БДП.
 
Објавено на 21.04.2017 во категорија Живот
Подготвил: М.Д.
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook