Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Вештачката интелигенција ќе креира многу нови работни позиции – еве како да се подготвите

 
Од неодамна постојат претпоставки дека вештачката инделигенција нема да претставува закана во следните неколку декади, додека некои се противат на ова.

вештачка интелигенција


Сепак, и двете страни пропуштаат важен детал: без разлика каков тек ќе заземат работите, на луѓето им е потребен тренинг и развој на вештини за да бидат опремени за работните позиции кои ги носи иднината.

Образованието е секогаш клучен фактор за подобрување на вештините за вработување. Мора уште сега да се почне со размислување како луѓето ќе се здобијат со овие вештини. Особено мора да се работи со оние кои не поседуваат никакви основни технолошки вештини. Наместо да се прават обиди луѓето да се заштитат од битката со машините, потребно е да се развива соработката човек-машина. Автоматизацијата на работата сепак има за задача да ја зголеми продуктивноста и квалитетот и оди во прилог на луѓето.

Тие сѐ уште ќе бидат потребни на работното место покрај машините. Но работните места ќе бидат променети и ќе се бара соработка меѓу луѓето и машините.

Луѓето би можеле да бидат тргнати од работни места како: возачи на камиони (поради технологијата за самоуправување), преброители во бакна (бакноматите стануваат побројни) и слично. Најмногу треба да се работи на технолошките вештини. Традиционалните приоди во образованието се под притисок поради трошоците (студентскиот долг во САД е околу 1,3 трилиони долари) и сомнителна ефикасност (една студија од 2016 покажала дека половина од дипломците работат на позиции за кои се преквалификувани). Со оглед на големината на проблемот, нов приод е потребен.

Иако сѐ уште не е на широко усвоено, адаптивното учење има ниска цена, докажано е и многу ефикасно за да ги подготви луѓето од фабриките со вештини, не само во техноогијата, туку и во други области. Со високо интелигентен „биолошки модел“ оваа техника на онлајн учење може многу да биде од помош во справување со проблемот. Приодот се едаптира на секоја личност различно, зависно од тоа дали материјалот се учи брзо или побавно.

Пристапот на прашања кој се користи во биолошкиот адаптибилен модел за учење има за цел да ги оцени и адаптира знаењата, искуствата и ставовите на личноста додека се зголемуваат ангажираноста и владеењето на вештините.

Иако не е јасно каде и на кои работни места најпрвин ќе влијае вештачката интелигенција, опремувањето на студентите и работниците е единствениот начин да се заштити и унапреди работната сила.
 
Објавено на 21.04.2017 во категорија Технологија
Подготвил: М.Д.
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Технологија