Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Зошто Северна Кореја секое утро го пушта овој вид на музика?

 
Северна Корерја е чудна земја. Секое утро, во раните утрински часови Северна Кореја пушта морничава, „Blade Runner“ вид на музика.

северна
Фото: Getty

Се чини дека никој не го знае името на песната која ги полни улиците на Пјонгјанг, ниту пак точната причина зошто музиката се пушта секој ден, меѓутоа сите би се согласиле колку би било проклето вознемирувачки ако наутро слушнеме ваков ужасен хорор. Според податоците од Википедија, песната се вика „Десет милиони човечки бомби за Ким Ил Сунг“.



Неа можете да ја пронајдете на „Youtube“, а има уште неколку видеа поставени во текот на изминатите неколку години што искрено ќе ве натераат да мислите дека станува збор за трик. Не е тешко да пронајдете мрачни снимки од Пјонгјанг, меѓутоа во позадина да свири ѓаволска музика, е прилично морничаво.

Сепак, сигурни извори ја потврдуваат приказната за чудната музика наутро. Американскиот весник „The Associated Press“ ја спомена оваа музичка традиција минатата година, а писателката Хелен-Луиз Хантер во нејзината книга „Kim Il-Sung's North Koreа“ ја опишува утринската рутина во Пјонгјанг. „Музиката за утрински вежби одекнува преку радио звучниците во текот на овој час“.



Можеби станува збор за контрола на умот, а можеби за психолошка војна. Како и да е, утринската песна на Северна Кореја е прилично вознемирувачка. И запомнете дека таа се пушта секое утро во Пјонгјанг, каде на сиромашните луѓе постојано им се пери мозокот.
 
Објавено на 21.04.2017 во категорија Култура
Подготвил: Тамара Гроздановски
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook