Оглас за вработување во Анхоч...Отворени се 2 (две) работни позиции

Оглас за вработување во Анхоч...Отворени се 2 (две) работни позиции


anhoch

Анхоч објавува конкурс за нови работни места во Скопје со полно работно време на следните позиции:


Специјалист - референт за продажба во продажен салон во Скопјe
 
Основни услови за вработување:

-Големо познавање на современата ИТ технологија
-Одлично познавање на пишан и говорен Англиски јазик
-Високи комуникативни способности
-Aмбициозност, динамичност и способност за тимска работа
-Постојано живеалиште или постојан престој во Скопје или околината
 


Помошник Сметководител

Основни услови за вработување:

-ВСС
-Предност имаат кандидатите со уверение и со работно искуство како сметководител
-Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet)
-Познавање на пишан и говорен англиски јазик
-Високи комуникативни способности, амбициозност, динамичност и способност за тимска работа (за двете позиции)
-Постојано живеалиште или постојан престој во Скопје

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме во најкраток рок да ја потполните пријавата за вработување и да доставите Ваше CV (кратка биографија со слика) на адреса rabota@anhoch.com со назнака за кое работно место аплицирате.

Кандидатите кои ќе бидат одбрани за информативен разговор ќе бидат известени во рок од 15 дена заради понатамошен контакт.

За сите дополнителни информации во врска со работните места можете да се обратите на истата адреса.
Ве молиме без телефонски јавувања и барање информации преку трети лица.


http://www.anhoch.com/career