Најдобрите начини да ја исчистите Фејсбук страницата со новости

Најдобрите начини да ја исчистите Фејсбук страницата со новости

Подготвил: М.Д.

Со повеќе од милијарда корисници веројатно е дека на Фејсбук добивате новости од луѓе со кои веројатно одамна не сте во контакт, а сепак Ви се пријатели на социјалната мрежа. Исто така сигурно добивате исвестувања и за пријатели на пријатели кои воопшто не Ве интересираат. За да го решите ова постојат неколку начини како да го средите Вашиот профил.

фејсбук
Фото извор: David Nield/Popular Science


Престанете да ги следите Вашите пријатели


Со опцијата “unfollow” ќе останете пријатели, но нема да ги добивате нивните секојдневни активности на страницата со новости. Освен тоа тие нема да знаат што сте направиле. Кликнете на стрелката горе десно од веста, и изберете “Unfollow”. Ако сакате да знаете понекогаш што прави тој пријател, може да одите директно на профилот.

Гледајте помалку споделувања од некој

Во случај да сакате да гледате помалку споделувања од некој и за ова постои опција. Наместо да ја изберете опцијата “unfollow” треба да ja изберете истата стрелка и потоа “Hide post”. Ако скриете споделување од страница, повеќе ништо нема да Ви се појави на страницата со новости.

Дајте приоритет на блиски пријатели

За да се фокусирате на најмилите и најблиските пријатели Фејсбук има креирано листа со пријатели наречена “Close friends”. Ако ги ставите во оваа група ќе добивате известувања и ќе бидат поставени најгоре на страницата со новости. Исто така тие нема да знаат дека сте ги ставиле во оваа група. За да ја направите листата кликнете “Friends” од менито лево од страницата со новости и потоа “Close Friends”. Може да додадете или отстраните пријатели со опцијата “Edit  list”.

Направете си Ваши листи на пријатели

Не мора да ги користите листите што Фејсбук ги направил за Вас. Изберете “Create list” и направете листа што Вам најмногу Ви одговара. Овие листи нема да влијаат на тоа колку ги гледате пријателите во страницата со новости.

Изберете кој да го гледате прв

Може да изберете кој прв да го гледате на страницата со новости. Кликнете на трите точки на страницата со новости, горе лево и изберете “edit preferences”. Првата опција Ви овозможува да изберете кој прв ќе го гледате на страницата. Алтернативно може да дојдете до истото ако изберете “See first” веднаш под “Unfollow” опцијата.

Гледајте ги споделувањата во хронолошки ред

За да ги подредите споделувањата по хрологија, кликнете на трите точки веднаш до News Feed, во горниот лев агол, па потоа изберете “Most Recent”.

Прилагодете ги Вашите поставки за реклами

Фејсбук користи многу лични податоци за да одлучи кои реклами да Ви ги прикаже. За да уредите некои од овие информации, кликнете на стрелката на менито десно најгоре на Фејсбук страницата. Изверете “Settings”, а потоа “Ads”. Од овде може да промените многу опцции. Кликнете на “Your interests” за да видите што мисле Фејсбук дека сакате, а потоа отстранете сѐ што мислите дека не Ви одговара. Под “Advertisments”  може да блокирате реклами од компании, а под “Your information” може да превенирате да Ви бидат прикажани реклами базирани на лични информации.