Човекот кој ги демантира научниците: решил да биде кокошка и да изведе јајца

Човекот кој ги демантира научниците: решил да биде кокошка и да изведе јајца

Подготвил: М.Д.

Абрахам Поеншебал е француски уметник кој во склоп на еден свој перформанс три недели загревал јајца со својата телесна температура и дочекал од нив да излезат пилиња.

човек и ќебе
Фото извор: AFP/Stephane De Sakutin


Тој кон крајот на март одлучил да се „седи“ на јајцата и проценил дека пилињата ќе излеза за 21 до 26 дена. Тој останал затворен во стаклен терариум во парискиот музеј Пале де Токио додека да излезат пилињата, а во проценките за нивното излегување не погрешил.

Поеншевал е и од порано познат по необични перформанси. Научниците процениле дека последниот потфат нема да му успее, затоа што луѓето имаат помала телесна температура од кокошките, но тој ги демантирал.

Четириесетгодишниот уметник пред почетокот на перформансот „Јајца“ објаснил дека глетката на човек кој седи на јајца во прв пат го става прашањето на метаморфоза и еднаквост.

Тој не седел директно на јајцата, туку на стол на чиј долен дел бил прикачен садот со јајца. Бил покриен со посебно дизајнирано ќебе за да ја очува телесната температура и јадел храна со ѓумбир што додатно го загрева телото.

Физиолошките потреби ги извршувал во друг сад сместен под него, а притоа не станувал од столицата. За перформансот да успее, дневно станувал само по половина час за да јаде.
Пред новинарите изјавил дека 5 години работи на друг перформанс „шетање по облаци“, но дека за тоа сѐ уште не е спремен.