Кои се и за што се залагаат двајцата кандидати кои ќе влезат во вториот круг на претседателски избори во Франција?

Кои се и за што се залагаат двајцата кандидати кои ќе влезат во вториот круг на претседателски избори во Франција?

Подготвил: Тамара Гроздановски

кандидати
Фото: Reuters

Емануел Макрон со 23.9% и Марин Ле Пен со 21.4% влегоа во вториот круг на претседателските избори во Франција.

Агенцијата „Ipsos/Steria“ објави прогноза за вториот круг според која Макрон би добил 62% од гласовите, а Ле Пен 38%.

Кандидатите кои во вториот круг ќе се борат за претседателската функција


Емануел Макрон


Емануел Макрон е 39 годишен поранешен банкар кој во 2012 година одлучил своите вештини на инвестициски банкар да ги употреби во политичката арена и да стане советник на претседателот Франсоа Оланд.

makron
Фото: Reuters

Но после две години министерски стаж (2014-2016) Макрон ја напушта Социјалистичката партија и го основа неговото движење наречено „En Marche“ и како независен кандидат тргнува во претседателската трка, испраќајќи силни пораки против елитата на која ѝ припаѓал.

Доколку победи на изборите, Макрон ќе стане најмладиот претседател на француската држава уште од Наполеон.

Макрон досега не бил избран за ниту една политичка должност, и на самиот почеток на кампањата противниците го исмевале. „Сигурен сум дека францускиот народ својата судбина нема да ја стави во рацете на човекот без искуство кој досега не покажа ништо“, испрати порака Франсоа Фијон до францускиот народ.

Неговиот подем многу луѓе го припишуваат на желбата за свежо лице во комбинација со неочекуваниот пад на неговите противници. Чувствувајќи го незадоволството од состојбата на статус кво во земјата, тој најави дека ќе го растреси естаблишментот иако сам учел во престижно француско училиште, работел како банкар и бил министер по економија.

„Франција е блокирана поради тенденцијата на нејзината елита да си служи самата себеси. А јас тоа го знам бидејќи бев дел од неа“, изјави на еден митинг.

Уште како министер започнал да ги критикува „светите крави“ на францускиот социјален модел како што е 35 часовната работна недела, доживотното вработување во јавните служби и престрогата заштита на работниците од отказ. Токму овие пораки во текот на кампањата го претворија во најпопуларниот политичар. Тој тврди дека неговата амбиција е да се надмине традиционалната поделба помеѓу лево и десно која предолго време доминира во француската политика.

Макрон ветува инвестиции во образованието на младите и невработените како и транзиција кон иста енергија.

Макрон е во брак со Брижит Торњу која му била професорка во средно училиште и ја познава од неговата 16-та година. Врската ја започнале кога станал полнолетен.

Марин Ле Пен


Ривал на Макрон во вториот круг ќе биде Марин Ле Пен.

„Господин Макрон не ги брани интересите на народот. Тој ги брани интересите на финансиските центри на моќ и интересите на големите банкари“, вели Ле Пен.

mrin
Фото: Reuters

Откако ја презела партијата Национален фронт во 2011 година, таа вложила доста напор за да ја избрише антисемитската слика која луѓето ја имале за оваа партија низ неколку децении.

Двапати разведена, мајка на три деца, Ле Пен се залага да ги заштити француските работници од глобализацијата.

Марин има многу поголеми амбиции од нејзиниот татко, кој во 2002 година успеал да влезе во вториот круг, но подоцна бил победен од Жак Ширак. Трката која таа ја води е многу поблиска и понеизвесна од онаа на нејзиниот татко пред 15 години.

И покрај големите разлики во анкетите, голем број експерти се плашат да не се повтори изненадувачкиот исход од британскиот референдум и американските претседателски избори.

Со својот карактеристичен длабок глас, 48 годишната Ле Пен не се срами од дебата. Доколку стане претседателка таа планира да ја извлече Франција од еврозоната, да ја трансформира или напушти ЕУ и да ја запре имиграцијата. Таа не го крие фактот дека не ја сака ЕУ.

Нејзината економска политика е во согласност со антиглобализацискиот сентимент кој го довел Трамп во Белата куќа и го предизвикал Брегзитот.

Уште откако застана на чело на партијата, таа се обидува да го подобри имиџот на партијата. Таа дури имала и конфликт со нејзиниот татко, поради кој во 2015 година го избркала од партијата. Сепак, кредиторите не сакале да ја финансираат нејзината кампања, па затоа таа се најде во финансиски нееднаква положба во однос на другите кандидати.

Обожавателка е на рускиот претседател Владимир Путин и од 2004 година е член на Европскиот парламент.