Одржан УКЛО тривиум по втор пат

Одржан УКЛО тривиум по втор пат

укло

На 24 април 2017 година на Педагошкиот факултет се одржа вториот по ред натпревар во ораторство УКЛО ТРИВИУМ.

Вкупно 17 говорници од Правниот, Педагошкиот, Економскиот, Факултетот за безбедност и Високата медицинска школа се натпреваруваа на тема: „Јас сум студент. Имам право на избор за Европската унија“.

За најдобри говорници се прогласени: Моника Нелческа од Педагошкиот факултет, прво место,Лина Димоска од Економскиот факултет, второ место и Симона Видановска, од Правниот факултет, трето место. Наградите за ораторите се доделија на свеченоста, по повод Денот на основањето на УКЛО.

saso

Најдобрите говорници ќе го претставуваат УКЛО на македонскиот студентски собир и натпревар во ораторство, традиционален настан со којшто се одбележува Денот на Европа.