Малите сипаници се закана за здравјето на европското население

Малите сипаници се закана за здравјето на европското население

Подготвил: М.Д.

Недоволното вакцинирање на населението од мали сипаници доведе до неколку случаи на епидемија од мали сипаници во Европа од која се погодени мали деца и млади возрасни.

сипаници


Во текот на првите два месеца од 2017 година во 14 европски земји пријавени се повеќе од 1500 случаи и тоа кај луѓе кои не се вакцинирани.

„Неприфатливо е да се слушне дека деца и возрасни умираат од болести за кои постоји сигурна и пристапна заштита“, порачува европскиот комесар за здравје Витенис Андриакаитис по објавувањето на податоците за 10 земји од Европа во кои во првите два месеца од 2017 е дуплиран бројот на заболени за разлика од минатата година во истите тие месеци.

Малите сипаници се многу заразна болест која се пренесува низ директен контакт и низ воздух. Може да се спречи со вакцини, но поради недоволното вакцинирање останува еден од најголемите убијци на деца во светот.

Не заболуваат само деца

Од болеста не се зафатени само децата. Според Европската агенција за превенција на контрола и болести најмногу загрижува тоа што не се зафатени само децата туку и постарите возрасни групи. Во текот на 2015 и 2016 година една третина од сите регистрирани случаи биле постари од 20 години. Довербата на јавноста во вакцините е важен глобален проблем и тоа доведува до отфрлање на вакцинацијата која спасува животи.