КТМ Проект вработува! Отворени се 2 (две) работни места, со и БЕЗ работно искуство

КТМ Проект вработува! Отворени се 2 (две) работни места, со и БЕЗ работно искуство



КТМ Проект ДООЕЛ од Скопје е компанија која е дел од PoliPanel Group и е специјализирана за тестирање, комисионирање и валидација на чисти простори и стерилни зони, како и за дизајнирање и изведба на системи за третирање на воздухот во чистите простори. Нашите услуги се наменети за компании од фармацевстката индустрија, микро-електрониката и здравството.

КТМ Проект има потреба од дипломиран машински инженер со минимум 3 години работно искуство , како и дипломиран машински инженер без искуство , за проектирање и изведба на системи за климатизација. Посебно ја цениме желбата за лична професионална надградба и подготвеност за патувања.

Кандидатите потребно е да имаат одлично познавање на англискиот јазик, како и познавање од алатките: Microsoft office , Auto Cad MEP, Revit , Photoshop , SOLIDWORKS

За заинтересираните кандидати нудиме динамична и потикнувачка работна средина. Избраниот кандидат би работел на проекти во Македонија и во странство.

Сите заинтересирани можат да го испратат своето резиме проследено со мотивационо писмо на е-меил адреса oliver.tonovski@polipanelgroup.com.