Што значи необичната ознака на батеријата на „Galaxy S8“?

Што значи необичната ознака на батеријата на „Galaxy S8“?

Подготвил: Тамара Гроздановски

батерија
Извор: YouTube/screenshott

Некои работи никогаш не смеат да завршат во устата на кучињата, а батеријата на „Samsung“ дефинитивно е еден таков пример. Токму затоа, „Samsung“ одлучил оваа необична назнака да ја стави на својата батерија.

За оние кои сакаат да ја променат батеријата, на неа постојат серија на симболи кои покажуваат дека батеријата треба да се чува подалеку од топлина и оган, дека не смее да се допира со било каков алат и дека е забранет за кучиња. Интересно е тоа што сите други производители имаат различни назнаки, но ниту еден од нив не го вклучува најдобриот пријател на човекот.

Кучињата се посебно означени поради силните вилици кои можат да ја пробијат батеријата - иако можеби таа нема да експлодира, сепак може да му наштети на домашниот миленик.

Оваа назнака ја има на уредите уште од 2014 година, со излегувањето на моделите „Galaxy S5“ и „Galaxy Note 4“. Интересно е тоа што пред оваа назнака, „Samsung“ имаше поставена симбол со дете.

Кога станува збор за таблетите, „Samsung“ и понатаму ја задржа назнаката на батериите кои велат дека треба да се чуваат подалеку од дофат на деца.

Како и да е, без разлика дали батеријата е заменлива или незаменлива, потребно е да бидете внимателни и никако да не ја оставите на отворено, близу извор на топлина - и подалеку од дофат на деца и домашни миленици.