Во Калифорнија пронајдени човечки траги од пред 130.000 години?

Во Калифорнија пронајдени човечки траги од пред 130.000 години?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Ново истражување предизвика вистинско изненадување во археологијата - тоа тврди дека пронашло знаци на човечка активност во Америка далеку порано отколку што мислеле.

foto
Фото: San Diego Natural History Museum

Во соопштение кое предизвика бура контроверзии, истражувачите велат дека пронашле знаци на антички луѓе во Калифоррнија пред околу 120.000 до 140.000 години - повеќе од сто илјади години пред нашето верување дека луѓето постоеле во Америка.

Ако истражувачите се во право, таканареченото Церути мастодон место може да ја промени приказната за човештвото.

„Сфаќам дека 130.000 години е многу ста датум и дека местото е најстарото во Америка“, изјави лидерот на истражувањето Том Демере, палеонтолог од Природнонаучниот музеј во Сан Диего.

„Се разбира, невообичаените тврдења бараат вонредни докази, па така Церути мастодон ни ги доставуваат овие докази“, вели тој.

Да ви биде јасно, тимот не пронашол човечки коски  на местото. Но, како што кажува Демере и неговите колеги, нивните докази - мастдон скелет и неколку големи камења покажуваат дека областа некогаш била „каменолом за коски“ каде биле разбиени свежи коски од мастадон со камени чекани.

Сепак, многу од водечките светски експерти во американската археологија веќе изразија скептицизам за тврдењето, а некои и ја отфрлаат теоријата.

„Најраната окупација на Америка е спорна тема. Датумот на наоѓалиштето на 130.000 години е навистина големо прашање за археолозите ки се навикнати да размислуваат за период од пред 12.000, 13.000 или 14.000 години.

Еве што треба да знаете за откритието и реакциите од другите експерти за археологија.

Каде се наоѓа местото и како било пронајдено?

Местото било откриено во 1992 година, кога еден работник копал големи коски.

Одделот за транспорт во Калифорнија бара од палеонтолозите да бидат на повик за големите ископувања, во случај некој фосил да се појави. Ричард Керути, бил палеонтологот кој бил на повик во тој момент.

Тој и Демере ја блокирале областа и ја ископале, копајќи материјал недопрен од тешката машинерија.

Зошто истражување откриено во 1992 година, ископано во 1993 година се објавува денес?

Главното одложување дојде поради точното датирање на местото. До 2011 и 2012 година Џим Пејсес од Геолошкиот институт во Америка може да обезбеди откривање на возраста на коските на мастодон, врз основа на релативната количина на утан и ториум во нив.

Во меѓувреме, мала група на коментатори го пронашле извештајот од 1995 година и обвиниле дека бил „потиснат“. Изненаден и збунет Демере, веднаш ги отфрлил обвиненијата. „Никогаш никој не рече заборавете дека се случи. Тоа се глупости“.

Кои се новите докази?

За почеток, карактеристиките на каменот одговараат на оние кои ги има на камените алатки, посебно оние кои се користеле за кршење коски.

Исто така, поврзано е со поставувањето на каменот. Големите камења кои изгледаат како рудиментирани алатки се многу потешки отколку околните честички. Ако водата не ги поместила камењата, тогаш можеби луѓето ги поместиле.

Зошто другите експерти се скептични?


Една од главните критики е дека истражувањето не ги отфрлува дефинитивно природните причини за присуство на наводни камени алатки.

Прво, истражувањето незадоволително ја отфрла можноста дека природниот процес ги донел камењата на местото. Ниту пак целосно ја отфрли можноста дека камењата се чукале еден со друг за време на протокот.

Ако камењата се алатки, дали станува збор за луѓе?

Не задолжително. Човечката линија нема монопол за упореба на алатки. Најмалку 4.000 години, шимпанзата на Брегот на Слоновата коска ги удирале оревите со камени чекани.

Мајкл Хаслам, археолог од Оксфорд кој ја проучува употребата на алатките од не-човечките примати вели: „Мислам дека резултатите презентирани во овој труд го поддржуваат тврдењето на авторот дека мстодонот е скршен, освен со користење н камени алатки. Генерално, мислам дека треба да ги земеме во предвид луѓето како почетна хипотеза за овој локалитет“.

Дали истражувачите можат да направат нешто повеќе за да го поддржат нивното тврдење?


Да. Демере и неговите колеги моментално ги испитуваат алатките од камењата да откријат да не пронајдат протеински остатоци.

Истражувачите исто така велат дека се заинтересирани за повторно ископување на локалитетот и велат дека се подготвени да ги бранат своите анализи од жестоката критика.

„Мислам дека го направивме најдоброто со овој археолошки локалитет. Подготвени сме за огнената стихија која доаѓа“, вели Холен.

„Станува збор за хипотеза која моли внимателно да биде прегледана; отворен сум за тоа. Тоа е начинот на кој науката работи, нели?“, додава Демере.