Кои нации по Брегзит го најавуваат своето заминување од ЕУ?

Кои нации по Брегзит го најавуваат своето заминување од ЕУ?

Подготвил: М.Д.

Брегзит предизвика политички земјотрес бидејќи евроскептиците од политичките партии широм Европската Унија сега бараат референдуми во своите држави.

мапа


За кратко време откако резултатите од Брегзит беа објавени, француската ултрадесничарка Марине Ле Пен повика на референдум за „Фрегзит“, а ултрадесничарот од Холандија Гер Вилдерс повика на „Негзит“.

Редит Безлефорд направил интересна мапа на која се прикажуваат сите потенцијални имиња на земји во случај да ја напуштат Унијата. Меѓу имињата се Noland, Quitaly, Extonia, Withdrawsaw и Czech-out.

Истражувањата кои се направени минатата година покажале дека 36% од Швеѓаните сакаат „Свегзит“ како и Велика Британија, а Ле Пен им ветила на Французите референдум за „Фрегзит“ доколку победи на претседателските избори.

Истражувањата покажале и дека повеќе од половина граѓани на Франција и Италија сакаат референдум.