Разрешена стогодишната мистерија на „Крвавиот водопад“

Разрешена стогодишната мистерија на „Крвавиот водопад“

Подготвил: Б.Б.


Крвавиот водопад
(Фото: National geographic)

Научниците веруваат дека конечно ја разрешиле повеќе од сто години старата мистерија на „Крвавиот водопад“ – геолошка формација на Антарктикот која изгледа како од глечерот да течат реки од крв.

Станува збор за водопад на глечерот Тејлор, чија вода има неприродна црвена вода.

Водечката хипотеза што се обидувала да ја објасни црвената боја на водопадот била дека се работи за обична вода чија обоеност е резултат од присуството на микроскопски црвени алги.

Таа теорија била предложена од австралиски геолог, кој прв го открил „Крвавиот водопад“ во 1911 година.

Сепак, научниците во 2003 година, заклучиле дека во водата нема црвени алги, а  причина за црвената боја е присуство на оксидирано железо.

Новата студија на Алашкиот универзитет од Феарбенкс нуди докази дека црвената боја на водопадот потекнува од езеро заробено под ледникот повеќе од милион години.

Со помош на сонари, тие откриле дека водата тече под глечерот Тејлор, со што потврдиле дека под ледникот има залихи на проточна вода под слоевите од мраз.