Стипендии за јазични курсеви и студирање во Италија

Стипендии за јазични курсеви и студирање во Италија

Владата на Република Италија за академската 2017/2018 година доделува стипендии за македонски државјани, наменети за:


• Напредни тримесечни курсеви за усовршување на јазикот за студенти по италијански јазик;

• Едномесечни курсеви за усовршување на италијански јазик за доценти по италијански јазик;

• Студии за високо уметничко и музичко образование;

• Додипломски редовни студии (само за лицата кои сакаат да ја обноват стипендијата веќе доделена во претходната академска година);

• Последипломски студии:

- Магистерски студии;

- Докторски студии;

- Специјализации и

- Други истражувачки активности.

Подетални информации можат да се најдат на веб страницата www.ambskopje.esteri.it, како и во одделот за култура при Амбасадата на Република Италија во Република Македонија.

Крајниот рок за аплицирање е 10 мај 2017 година.