Арапите ќе профитираат и од друг извор на енергија - нафтата не им е број еден

Арапите ќе профитираат и од друг извор на енергија - нафтата не им е број еден

Подготвил: М.Д.

Во време кога Британија сака да ја пренасочи својата економија кон други сектори за да не биде толку зависна од нафтата, Арапите се надеваат дека со своите соларни проекти можат да генерираат 7.000 работни места до 2020 година, а со тоа да ја реформираат локалната индустрија.

арабиа


Нивното министерство за енергетика планира да изгради огромни соларни панели со огромна сила, а она што им е потребно е почетен капитал.

Според изјавите на директорот на канцеларијата за обновливи извори Ал Шехри, тие имаат намера да создадат нешто вредно.

„Не само што сакаме да помогнеме на компаниите во тој сектор, за потоа да можеме да вработуваме повеќе, туку сакаме да понудиме и бенефит за крајните потрошувачи. Исто така сакаме сѐ што работиме во таа смисла да биде конкурентно, а можеме на тоа поле да се натпреваруваме и на глобално ниво,“ изјавил тој.

Целта е нафтата да биде повеќе за извоз со што ќе се создадат приходи за владата, а истовремено диверзификација на економијата од нафтата.

„Ние тоа го гледаме како дополнување на приходите од нафтата, но совршено се вклопува и во нашето сѐ поголемо ниво за барање на енергија од обновливи извори“.

Тој изнел и податоци дека е потребно дневно 900.000 барели нафта да се активираат климата и светлината во летните месеци.