Ако не се промени, капитализмот ќе го изгладни човештвото до 2050 година

Ако не се промени, капитализмот ќе го изгладни човештвото до 2050 година

Подготвил: Маја Пероска

Капитализмот придонесе за креирање големо богатство за некои, но ја уништува планетата и не постигна позитивни промени во животниот стандард на повеќемината.

фото извор: Getty Images

Голем број на видови ќе бидат исчезнати 1000 пати побрзу отколку во изминати 65 милиони години. Од 2000 година, 6 милиони хектари шума се губат секој година. Дури и во САД, 15% од популацијата живее во сиромаштија. Светската популација пак, се очекува да достигне 10 милијарди до 2050 година.

Експертите стравуваат дека ќе бидат истрошени преостанатите ресурси, а светското население ќе започне да гладува.

Фосилните горива само го продлабочуваат проблемот со климатски промени, развојот на инфраструктурата го задушува земјоделството. Бизнисот се развива, но по цена на оснвните потреби за живот. Ресурсите се експлоатираат на неверојатно брз начин. Со сето тоа, иако корпорациите постојано го зголемуваат својот профит и производство, сепак страда животната средина и се појавува закана за здравјето на луѓето.

Експертите советуваат дека е потребно под итно да се креира нов систем, каде што економскиот раст и човечката благосостојба ќе бидат во баланс. За таа цел се потребни нови компании со свежи идеи, кои ќе го отфрлат класичниот капитализам и ќе изнајдат начини за успешно менаџирање кое нема да доведе до загрозување на средината и здравјето на луѓето.

Со сопствеништвото следува и контролата над бизнисот. Потребно е, според експертите, да се воведе повторно одлучување и од страна на вработените, односно вработените да го изберат менаџментот, кој е одговорен за нив и заедно да учествуваат во процесот на донесување одлуки.