Оглас за вработување на ФИНАНСИСКИ МЕНАЏЕР/АСИСТЕНТ ЗА ФИНАНСИИ

Оглас за вработување на ФИНАНСИСКИ МЕНАЏЕР/АСИСТЕНТ ЗА ФИНАНСИИ

Реномирана компанија од Битола, со докажани резултати во работењето, бара

ФИНАНСИСКИ МЕНАЏЕР/АСИСТЕНТ ЗА ФИНАНСИИ.

Кандидатот потребно е да ги исполнува следните квалификации:

• Завршено високо образование во соодветната област;
• Најмалку 3 години работно искуство на наведената позиција во областа на ревизијата, финансиското и материјалното сметководство;
• Искуство во подготовка и анализа на финансиски извештаи, книжења, трансфер и евиденција на финансиски средства и завршна годишна сметка, водење на сметководствени и деловни книги, плаќања, банкови усогласувања, водење даноци и поднесување на даночни извештаи, подготовка на месечни финансиски извештаи, подготовка на финални годишни извештаи.
• Одлично познавање и активно работење со Microsoft Office пакетот и сметководствените апликации;
• Одлично познавање и aктивно користење на деловен англиски јазик (говорен и пишан);
• Активно следење и познавање на актуелните промени, случувања и законски регулативи во областа на финансиите и сметководството;
• Високо развиени аналитички и комуникациски способности, посветеност, лојалност, доверливост, комуникативни и презентерски вештини, вештини за организирање, капацитет за тимска и независна работа;
• Возачка дозвола Б категорија (пожелно);

Дневно работно време: 08:00 - 16:00h.
Почетна плата: 20.000,oo – 40.000,oo денари, во зависност од знаењето и работното искуство;

Сите заинтересирани кандидати можат својата кратка биографија да ја достават на адресата за контакт: finansiskiasistent@gmail.com