Времето во Македонија во следните 5 (пет) дена

Времето во Македонија во следните 5 (пет) дена

Денес е вторник, 2 мај 2017 година, 122-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:24, а ќе зајде во 19:36 часот. Денот ќе трае 14 часа и 12 минути.

Сончев и топол почеток на новата работна недела. Ова утро во Македонија преовладува претежно сончево и топло време. Услови кои што ќе доминираат во најголем дел од денот.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло време со дополнителен пораст на дневните температури. Попладне во крајните западни и северозападни како и во крајните североисточни предели ќе биде умерено облачно и нестабилно време со услови за врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 5 до 13 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 19 односно до 30 степени. УВ индекост ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 10 степени, а дневната до 28 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда претежно сончево време со локална облачност и топло време. Попладне во северозападните и крајните западни предели нестабилно време со локални врнежи. Утринските температури од 6 до 13 степени, а максиамлните дневни од 20 до 31 степени. Во четврток претпладне ќе биде претежно сончево и топло, попладне и навечер нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмотевици. Минималните температури од 7 до 14 степени, а максималните од 20 до 31 степен. Во петок претежно сончево со локална облачност и топло време. Попадне нестабилно со локална врнежи од дожд, само во југозападните и дел од западните предели ќе продолжи претежно сончево време со локална облачност. Дневните температури од 17 до 28 степени. Во сабота стабилизација на времето. Ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време но со пад на температурите, утринските од 4 до 11 степени, додека пак дневните од 14 до 25 степени.

Weather4all.com.mk