Агенцијата за вработување на РМ, објавува ЈАВЕН ОГЛАС до невработените лица
Владата на Република Македонија преку Агенцијата за вработување на Република Македонија од 2008 година успешно ја спроведува активната политика/мерка - Проект за самовработување со кредитирање, со кој на корисниците на кредити им се овозможи да започнат сопствен бизнис во областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности итн. Врз основа на постигнатите позитивни резултати и заради големиот интерес од невработените лица, Владата на РМ ги продолжува активностите за континуирано спроведување на оваа активна мерка.
За сите оние кои сакаат да започнат сопствен бизнис и да бидат дел од овој проект на Владата на РМ, ги известуваме дека Агенцијата за вработување на РМ, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС до невработените лица
Барање за кредит може да достават сите евидентирани невработени лица без оглед на времетраењето на невработеноста, односно лица со статус (200) невработени лица
ктивни баратели на работа кои се на евиденција 1 ден пред објавување на јавниот оглас.
Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:
- За дејности од помал обем за секое новоотворено работно место по 3. 000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 3 работни места, односно до 9. 000 евра;
- За дејности од поголем обем за кредитобарателот по 5. 000 евра, a за секое новоотворено работно место по 3. 000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места, односно до 1 7. 000 евра;
- Рок на враќање на средствата е 3 години со вклучен грејс период од 1 година за кредит до 9. 000 евра, односно 5 години со вклучен грејс период од 1 година за кредит над 9. 000 евра;
- Каматна стапка од 1 на годишно ниво;
- Сопствено учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на бараниот кредит (во вид на опрема, предмети и/или пари);
- Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит, или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за кој правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со
извршна клаузула или рачен залог во однос 1 :2 во износ на одобрениот кредит;
- Дополнителни стимулативни средства до 1 .000 евра за лица кои се невработени по основ на технолошки вишок, стечај или ликвидација што имаат користено паричен надоместок најмалку 6 месеци и се невработени повеќе од 3 години.
Заинтересираните невработени лица барање за кредит можат да поднесат во период од 03. 05. 2017 година до 16. 05. 2017 година, во работните клубови на 30те Центри за вработување на Република Македонија.
Детални информации можат да се добијат во работните кпубови на 30те Центри за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02/3138434 и web страната www. avrm.gov.mk.