Оглас за вработување во Шпаркасе Банка! Почетна нето плата: 35.000,00 денари
ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална
банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на
физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободнa работнa позиција:
СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КАНАЛИ НА ДИСТРИБУЦИЈА, СЕКТОР ЗА ПРОЦЕСИРАЊЕ, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА
КАНАЛИ НА ДИСТРИБУЦИЈА.
(1 позициja, неопределено време, со вклучена пробна работа од 6 месеци)
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- VII-1 степен, ВСС Економски факултет, Е-бизнис
- 2 години работно искуство во областа за eлектронските канали на дистрибуција;
- Познавање од областа на дигитални сертификати, платен промет и инструменти на платен промет во земјата и странство, познавање на работата на
електронските канали на дистрибуција;
- Активно познавање и работа на компјутер (MS Office);
- Одлично познавање на англиски јазик, (говор и пишување)
- Тимска работа, креативност, флексибилност, комуникативност, прецизност, одговорност, самоиницијатива, проактивен пристап во унапредување на
процесите, способност за работа во стресни ситуации;
Опис на работното место/одговорности:
- Учество во проекти за развој на различни канали на дистрибуција (e-banking, m-banking);
- Врши контрола и одобрување на барањата за електронско следење кои се внесени во експозитурите;
- Внесување на дигитални сертификати во системот на електронско банкарство;
- Обезбедува континуитет во изработката на дигитални сертификати
- Ја води и координира работата при подготвување на документацијата за електронско банкарство
- Возачка дозвола - Б категорија.
Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.
Почетна основна месечна нето плата: 35.000,00 денари.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното
место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11,
Скопје, најдоцна до 15.05.2017 година.
Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.
Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.