Во Швајцарија ќе се изведе проба на планот за повторно замрзнување на Арктикот

Во Швајцарија ќе се изведе проба на планот за повторно замрзнување на Арктикот

Подготвил: М.Д.

Во февруари група физичари најавиа план за повторно замрзнување на Арктикот со инсталирање на пумпи кои се напојуваат на ветер кои ќе го надополнуваат смалувањето на мразот.

машина


Иако никој не верувал во реализирањето на идејата, истражувачи во Швајцарија започнаа проба за да видат дали ќе можат да одржат цел глечер преку лето со помош на машини за снег.

Ако тимот успее во своите планови за време на најтоплите месеци во годината, постои надеж дека техниката може да се примени и на најголемиот пророден глечер на земјата – Мортерач.

Тој е еден од најмасивните глечери на источните Алпи, но поради температурите се повлекува и губи од 30 до 40 метри секоја година.

На почетокот на оваа година, еден тим воден од физичарот Стивен Деш од државниот универзитет во Аризона, објавиле извештај за тоа како милиони пумпи кои се напојувани од ветер може да се создаде 1 метар дополнителен мраз. Иако ова не звучи како многу, тоа би било како да се врати времето назад за 17 години.

Единствениот проблем е тоа што за да се изврши целата операција и да се покрие целиот простор потребни се 100 милиони вакви пумпи, а за да се изработат тие потребно е повеќе челик отколку што САД произведува во текот на целата година.

Освен тоа, веројатно е дека еден ваков проект нема од кого да биде финансиран, иако помалата верзија во Швајцарија се очекува да се изведи.

Експертот за глечери Јоханес Орлеманс од Холандија пресметал дека за Швајцарскиот глечер ќе бидат потребни околу 4000 вакви машини, кои не само што ќе помогнат тој да престане да се повлекува туку и да почне да расте во наредните години.