Востановена нова метода која открива предиспозиции за рана смрт

Востановена нова метода која открива предиспозиции за рана смрт

Подготвил: Б.Б.


Човечки мозок - илустрација
(Фото: Pixabay)

Несразмерноста меѓу мозочната старост и реалната возраст на лицето, може да биде индикатор за идни проблеми во когнитивното и телесното здравје.

Британските научници создадоа компјутерска програма која ќе може да даде одговор на можеби една од најголемите животни загатки – кога едно лице ќе почине? Експертите од колеџот Империјал во Лондон развија метода за препознавање на состојбата и волуменот на мозочното ткиво со која се утврдува мозочната старост преку што се откриваат низа важни заклучоци за здравјето и животот на тој поединец. Тестирањето на повозрасни испитаници во истражувањето покажа дека колку е поголема разликата меѓу мозочната старост и реалната возраст, толку се поголеми шансите дека ќе дојде во влошување на менталното и физичкото здравје а со тоа и до рана смрт, пренесува Net.

Оваа техника, иако сè уште во почетна фаза, тврди дека со текот на времето, со едноставна магнетна резонанца ќе се открива кој е во опасност од паѓање на когнитивните функции а со тоа и од смрт пред 80-годишна животна возраст.

„Ќе се јавите на лекар, тој ќе ви направи скен на вашиот мозок и ќе ви рече, на пример – вашиот мозок е 10 години постар од нормалното очекување, па ќе ви даде совети за промените што ќе треба да ги направите за да ја подобрите состојбата“, вели авторот на студијата, доктор Џејмс Кол.