Временска прогноза за викендот што следува

Временска прогноза за викендот што следува

Денес е четврток, 4 мај 2017 година, 124-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:21, а ќе зајде во 19:38 часот. Денот ќе трае 14 часа и 17 минути.

И денеска денот го започнуваме со ведро и топло утро. Насекаде во Македонија имаме претежно сончево и топло време со утрински температури кои се над просекот за овој период од годината. Во североисточните и источните предели имаме појава на локална облачност

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Попладне развој на нестабилност која што во доцните попладневни и во вечерните часови ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици, а врнежите од дожд и денес ќе изостанат во крајните западни предели. Утринските температури од 5 до 13 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигне до 18 односно до 29 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска претежно сончево со локална облачност и топло време. Доцна попладне и навечер со услови за врнежи од дожд. Ќе дува доумерен засилен југоисточен ветер. Утринската температура до 12 степени, додека пак максималната дневна до 27 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и посвежо време со пад на температурите, утринските температури од 4 до 12 степени, додека пак максималните од 14 до 25 степени. Во сабота претежно сончево време со појава на локална облачност и температури кои ќе се движат од 13 до 24 степени. Попладне во западните предели со услови за сосема слаби локални врнежи од дожд. Во недела и понеделник повторно дестабилизација на времето, ќе биде умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд кои ќе биде поинтензивни, локално и над 20 литри на метар квадратен. Во недела утринските од 5 до 13, а максималните од 16 до 27 степени, а во понеделник минималните од 7 до 15 степени, додека пак дневните од 12 до 23 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во петок претпладне претежно сончево, попладне нестабилно со врнежи од дожд и дневна температура до 23 степени. Во сабота претежно сончево со локална облачност и температура до 22 степени. Во недела и понеделник умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд кои што во недела навечер како и во текот на ноќта кон понеделник ќе бидат поинтензивни. Во недела дневната температура до 25 степени а во понеделник до 21 степен.