ЕВН вработува! Отворени се 10 (десет) работни места, огласот важи за цела Македонија

ЕВН вработува! Отворени се 10 (десет) работни места, огласот важи за цела Македонија

EВН Електродистрибуција е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.

10 ЕЛЕКТРОМОНТЕРИ (М/Ж) на територијата на Р. Македонија

Опис на работните задачи
Исклучување и повторно вклучување на корисници на дистрибутивната мрежа
Отчитување на податоци од броила
Контрола на приклучоци и мерни места
Замена на броила на корисници
Прием, обработка, чување, ажурирање, средување на документација
Помош при отстранување дефекти
Откривање и пријавување неправилности на електроенергетски објекти и мерни уреди

Потребни квалификации и лични карактеристики

IV степен електротехничко образование – енергетика
Квалификации за работа под напон ќе се сметаат за предност
Компјутерски познавања ќе се сметаат за предност
Возачка дозвола,
Одговорност, лојалност, тимска работа
Комуникативност, флексибилност

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на jobs.evnelektrodistribucija@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 20.05.2017.

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување (https://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx)