Серијата „Сенките на Балканот“ на Бјелогрлиќ ќе се снима и кај нас

Серијата „Сенките на Балканот“ на Бјелогрлиќ ќе се снима и кај нас

Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска

На локации во Преспа и битолската околина, од 7 мај ќе се снимаат сцени од ТВ-серијалот „Сенките на Балканот“, по концепт и во режија на Драган Бјелогрлиќ. Станува збор за меѓунардона копродукција помеѓу копродуценти од Србија, Македонија и Русија. Македонски продуцент е „Скопје филм студио“.



Во Македонија ќе се снима една недела, а претходно веќе заврши снимањето во Србија, а ќе се работи и во Црна Гора и во Русија. Ќе играат македонските актери: Тони Михајловски, Перо Арсовски, Јана Стојановска, Аксел Мехмет, Никола Ристановски, Петар Мирчевски и Дениз Абдула. Тие ќе соработуваат со актерите: Драган Бјелогрлиќ, Андрија Кузмановиќ, Марија Бергам, Горан Кичиќ, Ненад Јездиќ, Бранимир Брстина, Слободан Бода Нинковиќ.

Епизодите се направени според сценарија од повеќе автори: Драган Бјелогрлиќ, Даница Пајовиќ, Дејан Стојиљковиќ, Владимир Кецмановиќ, а со главниот режисер на серијалот, на дел од епизодите ќе работат и Коста Ѓорѓевиќ, Данило Бечковиќ, Срѓан Спасиќ,  Мирослав Лекиќ и Игор Иванов.

Како копродуценти на серијалот со свое учество се вклучија и Радиотелевизија Србија, Радиотелевизија Република Српска и Македонската радиотелевизија, а истиот е поддржан и од нашата Агенција.