Стипендии од ОКТА и Хеленик Петролеум во вредност од 1.000 евра / месечно

Стипендии од ОКТА и Хеленик Петролеум во вредност од 1.000 евра / месечно



КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА ЗА АКАДЕМСКИ СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС ВО ГРЦИЈА ЗА АКАДЕМСКАТА 2017/ 2018 ГОДИНА 

Компанијата ОКТА АД-Скопје заедно со Хеленик Петролеум Групацијата доделува стипендија за Постдипломски студии по нафтено инженерство на Факултетот за инженерство на минерални ресурси на Техничкиот универзитет на Крит (www.peteng-master.tuc.gr

Програмата на постдипломските студии се изучува на англиски јазик во период од 12 месеци и се состои од два семестри, во редовни студии. По успешно полагање на испитите, студентите се обврзуваат на Магистерски труд, односно теза, која треба да се заврши во рок од 3 месеци.

I.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:
1. Да има завршено академски студии од прв циклус во инженерство или во соодветна област од науката на Технолошко металуршки факултет или ПМФ – Институт за хемија;
2. Постигнат просечен успех од најмалку 7,50;
3. Да има доказ за активно познавање на англиски јазик;
4. Да не е корисник на стипендија од други даватели;
5. Да е државјанин на Република Македонија.

Кандидатот ќе биде избран од страна на Управниот одбор на Факултетот во Грција, а за кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе биде организирано интервју.

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

1. Пријава (формулар достапен на интернет страната на Факултетот);
2. Копија од диплома за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнат успех (преведени на англиски јазик од овластен судски преведувач);
3. Уверение-потврда за активно познавање на англиски јазик;
4. Две препораки (формулар достапен на интернет страната на Факултетот);
5. Детално CV кое покажува научно, истражувачко или индустриско искуство.

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА:

Стипендијата ги покрива трошоците за школарина, како и трошоци за живот во висина од 1.000 евра месечно.

IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Рокот за пријавување на кандидатите за користење на академската стипендија за студии од втор циклус во Грција е најдоцна до 31.05.2017 година.

Документите треба да се достават електронски на следниве две адреси: info@peteng-master.tuc.gr и mstavreva@helpe.gr

Контакт лице за повеќе информации: Мариана Балтас +389 2 2532 565, e-mail: mbaltas@helpe.gr